Dress Me Dinky – Чарли, кукличка со облека

2.200.00ден

Запознајте го нашето ново другарче, малечкиот сладок Чарли.

 

🌰 Зошто едноставно ќе го обожавате ова малечко момченце:

 

Облечен во весела жолта капа и зелено мантилче со копчиња, Чарли е подготвен да нурне во свет полн со имагинација! Со неговата преслатка облека е спремен вие да го спремате и облекувате за секоја негова авантура!

Дали ќе биде водач на парадата низ џунглата од дневната соба, истражувач на скриени богатства под перниците или ќе ја планира својата следна авантура во градината?

Идеален за игра, приказни и моменти полни со љубов и гушкање!

 

Кукличките со облека кои децата можат сами да ги облекуваат не само што се преслатки и интересни за игра, носат и многу бенефити за развојот на детето:

 

👕 Го поттикнуваат самостојното учење – детето учи како да облекува и соблекува, што му помага да стекне самодоверба и самостојност.

🤲 Ја развиваат фината моторика – копчиња, патенти, влечење на ракави – сите тие активности ги вежбаат прстињата и координацијата.

💭 Ја стимулираат имагинацијата и креативната игра – децата измислуваат сценарија, приказни и авантури за нивните куклички.

🧠 Помагаат во разбирање на секојдневни рутини – преку игра, децата учат што значи облекување за различни ситуации: дожд, студ, време за спиење.

🫂 Поттикнуваат емпатија и грижа – облекувањето на кукличката често е проследено со грижа: „Да не ѝ биде ладно“, „Да биде убава за на прошетка“ …

 

✨ Идеални се за дечиња на возраст од 2+, како прекрасен начин да играат, учат и се поврзуваат со нивниот мал свет преку игра.

 

Димензија на производот: 23 cm. x 17 cm.

Teжина: 0.26 kg.

 

Начин на одржување на производот:

Ладно перење. Не се препорачуваат средства за избелување на производот или пеглање.