НОВИ ПРОИЗВОДИ

Нашата приказна

Како мајка на мало дете, кога мојата ќерка беше бебе, наидов на потешкотии за квалитетни, практични производи кои ќе го олеснaт моето секојдневие, ќе бидат лесни за одржување, а истовремено модерни и квалитетни. И така започна моето патување со овој мал бизнис…

Подлоги за игра Toddlekind

Toddlekind e германски бренд кој создава подлоги за деца кои истовремено се функционални и убави. Воден е од верувањето дека детството треба да се негува и поддржува, а времето за игра да биде забавно – без да се прави компромис за дизајнот и естетскиот изглед. Нудат безбедност и удобност за вашите малечки. Подлогите се високвалитетни и нетоксични. Изработени од органски памук и нетоксична, висококвалитетна ЕВА пена.

Grass And Air

Grass and Air e британски бренд кој создава производи за деца кои се наменети за носење надвор, на отворено.

Нивните производи се дизајнирани со одличен квалитет за да траат, а истовремено се забавни и стилски, кои им помагаат на децата да уживаат додека се надвор. Нивниот дизајн е создаден со цел да буди чувство на радост кај децата.

Тимот на Grass and Air е посветен на подигање на свеста за излегување на децата надвор на отворено, на секојдневни авантури, без разлика на времето. Grass and Air предводени од искуството колку е тешко да се најдат чизмички кои децата ќе сакаат навистина да ги носат, развиле технологија во која внесуваат забава во самите обувки.

Добитници на награда за прво место “Rising Star” во Лондон, за урбан бренд за обувки за деца кои менуваат боја. Запознајте ги чизмичките за деца кои менуваат боја.

Olli Ella

Olli Ella е британски бренд, дизајниран од две сестри кои сакале да направат магични играчки за деца во кои ќе ужива секое дете. Создаваат кукли за бебиња и деца со исклучително висок квалитет, направени од природен органски памук. Приказната продолжува со дизајнирање на повеќенаменски производи поврзани со домот и секојдневното живеење кои се рачно изработени и целосно создадени од природни материјали и имаат за цел да го олеснат секојдневието на мајките.

Книги за деца USBORNE

Usborne е еден од водечките светски независни издавачи на книги почнувајќи од 1973 година.

Имаат за цел да создадат брилијантни книги за деца од сите возрасти, етничка припадност и пол.

Моќта на книгите за деца. Книгите отвораат врати за нови светови, им помагаат на децата да научат нови вештини и ги поттикнуваат да истражуваат нови идеи.

Usborne книгите ги охрабруваат децата да истражуваат и сами да ги откријат одговорите, проширувајќи ги нивните умови и зголемувајќи ја нивната самодоверба.

НАЈПРОДАВАНИ