Премиум подлоги сложувалка

Тоddlekind премиум подлога сложувалка

Кога креираме простор во кој нашите дечиња ќе го поминуваат своето време дома, тоа треба да биде место во кое тие ќе бидат безбедни, ќе си играат и ќе се забавуваат, место во кое ќе се чувствуваат среќно и убаво.

Нашите Toddlekind подлоги сложувалка ги исполнуваат овие услови, креираат мирна средина во природни бои, безбеден простор за лазење, за првите чекори, за читање книги, чајанки и готвење со куклите, цртање или едноставно, само за гушкање.

Изработени од висококвалитетна, нетоксична ЕВА пена која е целосно безбедна за детето, а притоа е совршен моден додаток за вашиот дом. Лесни за одржување и истовремено стилски, додаваат гламур во просторот за играње со вашето најмило. Moжат да се користат од самото раѓање на бебето, модерна замена на класичниот тепих кој собира прашина и е тежок за одржување.

Димензиja: 120 х 180 х 1.2cm

Slozuvalki_n

Прикажувам 1–16 од 19 резултати