Нашата приказна

Како мајка на мало дете, кога мојата ќерка беше бебе, наидов на потешкотии за квалитетни, практични производи кои ќе го олеснуваат моето секојдневие, ќе бидат лесни за одржување, а истовремено модерни и квалитетни, производи со кои моето дете ќе расте и учи на креативен и забавен начин.

И тогаш започна моето истражување за производи кои можат да ми бидат од помош и притоа да се добри за моето дете, а да бидат достапни и блиску овде, до сите нас.

Оваа онлајн продавница сакам да биде место, каде што и Вас драги родители, ќе ви овозможи да најдете производ кој ќе биде добар за Вашето дете, а Вам ќе ви го олесни секојдневието, производи направени за Вашите деца, а дизајнирани за Вас.

Секое дете го заслужува најдоброто, а секоја мајка заслужува да ужива во нејзиното мајчинство. Се надевам ќе ви се допаднат производите, ќе уживате во користењето на истите заедно со Вашето најмило и Ви благодарам од срце на поддршката.

Безусловната љубов кон своето дете е најчистата форма на љубов.