Чизмички Grass & Air – Peppa Pig – КРЕМОВИ

2.100.00ден

Заедно во соработка со креаторите на познатиот цртан за дечиња „Peppa Pig“ оваа сезона се тука нашите нови чизмички за најмалите со омилените ликови. Двојна радост!

Претворете ги дождливите денови во возбудливи авантури со нашите гумени чизмички со ликовите на Пепа и Џорџ во нежна неутрална кремова боја идеална и за девојчиња и момчиња.

Тие ќе ги топлат вашите најмали со нивната удобна подлога од меко крзно. За среќата да биде уште поголема освен слатките прасиња овде е додаден нашиот добро познат дизајн и технологија – капки што менуваат боја при секој контакт со вода.

Овие гумени чизми ги одржуваат малите стапала топли, суви и подготвени за секое шлапкање во вирчиња и чекорење по улици.

Дизајнирани за забава на отворено, секаде каде што има авантура, дожд, покрај езерце, во градина и шума. Во секој контакт со вода капките на чизмичките магично ја менуваат бојата а малите дечиња се смеат додека чекорат и ги гледаат.