- Home
- USBORNE книги за деца
- Книги со стикери
- First Sticker Book Getting Dressed – Интерактивна книга со стикери за облекување
First Sticker Book Getting Dressed – Интерактивна книга со стикери за облекување
500.00ден
Забавна, интерактивна книга со стикери што им помага на децата да научат како да изберат облека за различни прилики, време и сезони. Со многу стикери, малите читатели можат да ги облекуваат ликовите во различни сцени – од дождлив ден во шума до топол и сончев ден на плажа.
Преку игра и креативност, децата постепено ги учат основите на самостојното облекување – важна вештина што им помага да станат посамостојни, особено кога ќе дојде време за тргнување на училиште. Часови забава и креативност, самостојна игра без екрани!
Бенефити:
- Им помага децата да разберат како да се облечат според времето и сезоната;
- Поттикнува самостојност во секојдневни животни вештини;
- Развива креативност, фина моторика и концентрација;
- Одлична основа за разговор за рутини и подготовка за училиште.
Совршена книга за учење преку игра, што ги прави секојдневните активности забавни и интересни.
Препорачана возраст: 3+ години
Број на страни на книгата: 32
Димензии: 276 x 216mm
Автор: Jessica Greenwell
Илустрации: Joanne Partis





































