You are here:

First Sticker Book Getting Dressed – Интерактивна книга со стикери за облекување

500.00ден

Забавна, интерактивна книга со стикери што им помага на децата да научат како да изберат облека за различни прилики, време и сезони. Со многу стикери, малите читатели можат да ги облекуваат ликовите во различни сцени – од дождлив ден во шума до топол и сончев ден на плажа.

 

Преку игра и креативност, децата постепено ги учат основите на самостојното облекување – важна вештина што им помага да станат посамостојни, особено кога ќе дојде време за тргнување на училиште. Часови забава и креативност, самостојна игра без екрани!

 

Бенефити:

 

  • Им помага децата да разберат како да се облечат според времето и сезоната;
  • Поттикнува самостојност во секојдневни животни вештини;
  • Развива креативност, фина моторика и концентрација;
  • Одлична основа за разговор за рутини и подготовка за училиште.

 

Совршена книга за учење преку игра, што ги прави секојдневните активности забавни и интересни.

 

Препорачана возраст: 3+ години

Број на страни на книгата: 32

Димензии: 276 x 216mm

Автор: Jessica Greenwell

Илустрации: Joanne Partis