You are here:

Fingertrail Mazes – Лавиринти за мали прстиња, интерактивна книга за фина моторика

890.00ден

Интерактивна книга со лавиринти низ кои децата ги следат патеките со своето прсте. Врежаните (релјефни) линии им овозможуваат лесно да ја „возат“ патеката од почеток до крај, додека низ страниците ги придружуваат симпатични илустрации и кратки насоки.

 

Оваа книга е одлична за најмалите што сакаат практична, сензорна игра и учење преку допир. Помогнете му на Зајакот да ги достигне своите листови од зелена салата, а на Верверичката да го пронајде својот дом следејќи ги трагите од прстите во оваа прекрасна книга со загатки за мaли дечиња. Содржи десет едноставни лавиринти со различни теми и дизајни како и шармантни детални илустрации. Лавиринтите се одличен начин децата да развијат и вежбаат когнитивни, навигациски и фини моторни вештини.

 

✨ Бенефити:

  • Развива фина моторика и координација рака–окo;
  • Поттикнува концентрација и трпение;
  • Сензорно искуство преку релјефни патеки;
  • Забавно воведување во решавање проблеми;

 

Совршена за мали рачиња што сакаат да истражуваат и да ги следат патеките чекор по чекор.

 

Препорачана возраст: 10+ месеци

Број на страни на книгата:16

Димензии: 256 x 222mm

Автор: Felicity Brooks

Илустрации: Elisa Ferro

Нема на залиха